21:09 - 6 септември, 2026

Што пишува во личните карти на синовите на Лепа Брена? Мислевме дека се викаат Стефан и Виктор

Стефан и Виктор Живоиновиќ, синовите на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, имаат уште по едно име, а овој податок не е многу познат на јавноста. Двајцата браќа се родени во Америка и имаат средни имиња, во нивните документи се напишани како Стефан Емералд и Виктор Ернест.

– Тие имиња се напишани во нашите документи, но јас мислам дека нема потреба да ги експонираме. Чудни се. Јас сум роден во Њујорк, а Виктор во Мајами и, како и сите американски граѓани, го имаме тоа средно име – рекол своевремено Стефан.

Стефан во една прилика признал дека не сака да го нарекуваат Емералд и открил дека дури и неговите најблиски пријатели се шегувале на сметка на неговото име.

– Пријателите ме исмејуваат поради моето име. Кога ги нервирам, ми велат: “Ајде Есмералда, смири се, опушти се’. Мајка ми ми го даде тоа име и еднаш ја прашав: ‘Зошто ми го даде тоа име?’ – откриl тогаш Стефан Живоиновиќ и додал:

„Никогаш никому не сум му се претставил така. Замислете да ја подадам раката и да кажам: ‘Здраво, јас сум Емералд’. Сите би ме гледале чудно. Иако тоа е исто мое име како што е и Стефан, нo јас така не го доживувам. Многу необично. Моите пријатели никогаш не знаеја како се викам. Мислам дека и јас станав свесен за тоа име дури кога наполнив 18 години. Го знаев и порано, но суштински не бев свесен за тоа.“

Стефан признава дека на Брена, која го избрала името за него и за Виктор, и простил што им дала необични имиња: „На крајот ја разбрав. Таа е уметник и сакаше нашите имиња да звучат поинаку. Емералд е една прекрасна тиркизна боја. размислиv, се помирувам со моето име. Убаво ми е името кога ќе помислам на бојата, но кога ќе го претвориш во шега, кога ќе кажеш Есмералда, тогаш воопшто не е убаво“, признал Стефан.

А две имиња има и Филип, синот на Боба од претходниот брак со Зорица Накиќ, кој е во брак со Александра Пријовиќ. Неговото име е Филип Бранислав. Стефан еднаш рекол дека целото име на Филип е прекрасно, па низ смеа додал: „Лесно му е нему“.

 

Слични објави

Џина Џиновиќ се врати во Србија по луксузното крстарење: Со мајка ѝ и очувот посетила 25 острови

Еспресо

Ќерката на Карлеуша вечерва станува полнолетна: Сè е подготвено за големата прослава, еве кој ќе пее

Еспресо

Беби Дол по долго отсуство од јавноста влегува во „Елита 10“ и има јасна порака до станарите

Еспресо

Девојката на Виктор Живојиновиќ им одговори на критичарите: „За него сум најдобра, тој мене ме избра!“

apostolova

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Неделен хороскоп од 7 до 14 септември: Добар период за подобрување на материјалната ситуација

Еспресо
Се вчитува....