2.8 C
Скопје
21:13 - 18 декември, 2024

Што мора да знаете ако страдате од хемороиди

Хемороидите се, всушност, растегнети и отечени крвни садови на аналното подрачје (кои се и инаку присутни) и се јавуваат како последица на зголемен притисок и проширување на вените во околното ткиво. Станува збор за проблем што влијае врз поголем број Македонци, а со оглед на тоа дека станува збор за своевидна табу-тема, многумина се срамат да зборуваат за тоа и да бараат помош. Оваа непријатна појава еднакво ги погодува двата пола, а предизвикан од зголемена напнатост на вените во цревната перисталтика. Инаку, хемороидите се поделени на надворешни и внатрешни, додека потешката форма на инфекција на хемороидите може да предизвика сериозни компликации и да бара хируршко лекување.

Како настануваат хемороидите и кои се симптомите

Хемороидите настануваат поради слабеење на мускулните и еластичните нишки и притисокот врз вените на ректумот и анусот. Тие стануваат послаби и се прошируваат со што настануваат хемороидите. Една од најчестите причини за настанување на хемороидите се смета дека е напнувањето поради тврдата столица, па затоа редовната, нормална столица е еден од основните услови за лекување и спречување на настанувањето на хемороидите.

Покрај тоа, оштетување на вените на анусот може да се појави и кај обилните проливи предизвикани од болести или од прекумерна употреба на лекови за чистење на цревата. Голем број трудници имаат некаква поблага форма на хемороиди поради притисокот врз цревата, зголемување на волуменот на крвта во карлицата и поради промените во нивото на хормоните.

Зачестеноста на појавата на хемороиди се зголемува со возраста, како што старееме, така доаѓа до слабеење на потпорните мускули и еластичните нишки.

Нашите родители порано читаа весници седејќи на тоалетната штица, а денес повеќето луѓе со себе ги носат мобилни телефони во тоалетот па несвесно поминуваат сè повеќе време на тоалетната школка. Долготрајното седење на тоалетната школка му прави „услуга“ на развојот на хемороиди, затоа оставете го мобилниот телефон подалеку од тоалетот.

Луѓето што страдаат од хемороиди најчесто се жалат на чешање и печење во аналното подрачје, што е последица на излегувањето на слузта и делови од столицата на кожата околу анусот. Поради таа слуз и столица што се сушат на кожата доаѓа до нејзина иритација, а кожата реагира со задебелување на површинскиот слој. Таквиот здебелен слој не е хидриран, што предизвикува чешање. Иритантното чешање нè тера почесто да го миеме анусот со вода и сапун, што на крајот, ја суши кожата уште повеќе и ги влошува проблемите.

Ваквата иритирана кожа е многу чувствителна на силни зачини во исхраната и црвеното вино. По консумирањето таква храна и вино, се јавува чешање, печење и непријатност, што многу луѓе погрешно го поврзуваат со воспаление, иако кај хемороидите нема никакво воспаление. Внатрешните хемороиди не предизвикуваат болка, но кога се зголемени може да испаднат од аналниот канал. Хемороидите можат да станат болни ако во нив се создадат згрутчувања, предизвикувајќи ги да се зголемат и да создадат болни отоци околу анусот. Надворешните хемороиди можат да се препознаат со синкаво, болно стврднување со големина на цреша на влезот во ректумот. Внатрешните хемороиди се формираат во ректалниот канал – зад мускулот што го затвора анусот.

Значи, најчестите симптоми на хемороиди се чешање, печење и послаба или поинтензивна болка во пределот на анусот што може да предизвика непријатност, па дури и неможност за седење.

Ако страдате или се сомневате на хемороиди, имајте на ум дека кожата и слузницата околу анусот можат да бидат иритирани од следниве причини:

– од лекови како што се цитостатици и антибиотици;

– ако аналното подрачје не е темелно исчистено по вршењето на голема нужда;

– пролив;

– поради агресивна и инвазивна хигиена и сува тоалетна хартија како и нивна енергична и честа употреба;

– од премногу зачинета храна, кафе и алкохол.

Лекување и ублажување на симптомите

Лекувањето на хемороидите, како и секое друго лекување, се разликува во зависност од степенот на развојот на болеста. Во поблаги случаи, се спроведува конзервативно лекување, на кое основата за лекување е промената на навиките во исхраната, регулирањето на празнењето на цревата, аналната хигиена и, во екстремни случаи, амбулантските зафати. Во потешките случаи, потребно е оперативно лекување и хируршки зафати.

Иако хемороидите генерално не се опасни, луѓето што забележуваат чести проблеми со хемороидите, а особено ако забележат крвавење, бараат задолжителен лекарски преглед. Прехранбените навики и уредната хигиена се исклучително важни во превенцијата од настанувањето на хемороидите и во нивното успешно лекување.

Од суштинско значење е да се хидрира телото со доволен внес на течности, исхрана богата со влакна за да се олесни варењето и да се формира кашеста столица. Исто така, аналното подрачје има потреба од посебна нега со млака вода без сапун и задолжително миење по извршената нужда.

Поради седечкиот начин на живот и работа, сите луѓе чија работа ги принудува на долготрајно седење, треба да изберат квалитетен стол или да користат подлога/перница за да го ублажат напорот. Со редовното станување и истегнување за да се подобри циркулацијата, исто така, можат да се намалат последиците на хемороидите.

Поблаги облици на хемороиди можат да се лекуваат локално, со нанесување крем што го олеснува чешањето, печењето и болката, а помага и да се спречи појавата на потежок облик на хемороиди.

 

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....