8.8 C
Скопје
11:07 - 1 април, 2026

Што изјавила Исидора во полиција за Трифуновиќ: „Откако сум со Сергеј сè во животот ми тргна наопаку“

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата поранешната водителка Исидора Мијаниќ за семејно насилство. Исидора е должна да плати казна за нелегален престој во Србија.

За време на престојот во полиција во средата, на 23 октомври, Исидора, која е инаку Хрватка, била многу вознемирена, па рекла дека повеќе нема причина да остане во Србија.

– Исидора дојде во полиција видно вознемирена поради целата оваа ситуација. Таа во неофицијален разговор со полицијата неколку пати повтори дека сама ќе се врати во Хрватска и дека нема причина повеќе да доаѓа во Србија бидејќи ќе се разведе од Сергеј кој ја пријавил за семејно насилство. Рекла и дека веќе некое време имале проблеми и дека сето тоа кулминирало со неговото непочитување кон неа. За нелегалниот престој во Србија, таа истакна дека е свесна дека згрешила и дека била несовесна и дека поради сите овие проблеми заборавила да провери кога и истекува дозволата за престој, но и дека тоа и се случило за првпат и дека до сега таа секогаш се грижела за дозволата – рекол изворот за српски Курир.

Како што понатаму наведува изворот, Исидора најмногу ја погодило тоа што Сергеј ѝ рекол дека веќе е крајно време да почне да работи и дека повеќе нема потреба да биде во брак со мрзеливка:

– Исидора беше многу погодена од ова, па го обвини Сергеј дека тој е виновен што ја избркаа од телевизијата каде што работеше до неодамна. Му кажала и дека сè во животот и тргнало низбрдо откако е во врска со него и дека има проблеми само поради него. За неа тој е главниот виновник што задоцнила на работа и не се појавила на снимањето на емисијата каде била ангажирана како водителка и што поради неговите проблеми и патувања и самата ја запоставила работата и обврските. Тој ден се карале уште од рано наутро, а сето тоа кулминирало кога тој отишол на промоцијата на МЦ Сајси и не ѝ се јавувал на телефон или на пораки. Кога дошол дома се случило тоа што се случи – заклучил соговорникот, пишува српски Курир.

 

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....