14.8 C
Скопје
17:33 - 14 март, 2026

Што е со децата на Тина Тарнер: Кој колку доби и каде заврши наследството на музичката дива

Музичката дива во текот на нејзината кариера собрала огромно богатство, кое се проценува на приближно 250 милиони долари. Hello пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за нејзиниот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, ако не и сите пари, му оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).

Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска.

Тина и сопругот се преселија во Швајцарија, фото Инстаграм

Сепак, само три недели по венчавката, Тина доживеа мозочен удар. Ервин ѝ го спасил животот со тоа што ѝ го донирал својот бубрег во 2017 година.

Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на Тина, Рони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Ѝ останаа живи два сина –  синот Ајк Џуниор кој го доби од првиот брак со Ајк Тарнер, и Мајкл, кого го посвоила откако се омажила за бившиот сопруг.

Twitter @tinaturner, последната фотографија на Тина

Но, во 2018 година, Ајк Џуниор откри дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.

– Тина ме одгледа од две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал“, изјави тој за Daily Mail.

– Но, не сум разговарал со мајка ми Бог знае од кога, веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборува долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото – рече своевремено Ајк Џуниор.

Зборувајќи за неговиот брат Мајкл, Ајк Џуниор рече дека е во установа за опоравување од зависности во Јужна Калифорнија и дека има потреба од медицинска помош.

– Го посетив неколку пати. Супер му е. Тина не го посетува. Се што прави е што му испраќа пари – додал Ајк Џунир во таа прилика.

Да потсетиме, Тина почина во средата по долга борба со рак на дебелото црево, висок крвен притисок и трансплантација на бубрег. Имаше 83 години, а во својата долга кариера создаде бројни светски хитови.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....