18:15 - 7 ноември, 2026

Шер го организирала киднапирањето на синот: Само за да не се смири со снаата, но завршил на клиника за рехабилитација

Пејачката Шер најмила агенти да ѝ го киднапираат синот за да не се смири со снаата.

77-годишната пејачка Шер е обвинета дека го киднапирала својот син Елајџа од хотел, пренесува Дејли меил.

Уметницата ангажирала четворица агенти кои го киднапирале Елајџа од хотелот. Во тој период музичарот се обидувал да се помири со поранешната сопруга Маријаџела на годишнината од бракот. Сепак, снаата на Шер станала свесна за планот на Шер и покренала тужба четири дена откако нејзиниот поранешен сопруг исчезнал.

„На 30 ноември 2022 година, ноќта на нашата годишнина од бракот, четворица мажи упаднаа во нашата хотелска соба и го изведоа Елајџа надвор. Еден од мажите ми кажа дека мајката на Елајџа ги ангажирала“, вели Маријанџела.

По киднапирањето, синот на Шер се преселил во хотел во Лос Анџелес, каде вработените редовно поднесувале жалби за неговото несоодветно однесување поради интоксикација со дрога. Како резултат на тоа, Елајџа бил префрлен на клиника за рехабилитација.

„Речиси секој ден Елајџа го гледаа пред хотелот: тој седеше на тротоарот и пушеше. Излегуваше со цигара, а кога ќе завршеше со пушење, ќе загубеше свест. Изгледаше ослабено, како скитник бездомник“, изјавил инсајдер за Дејли Меил.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....