09:42 - 12 март, 2026

Шенен Доерти сподели чудесен пресврт во битката со ракот: „Ми се случи божјо чудо, новиот лек е чудо!“

Актерката Шенен Доерти продолжува да ја води својата битка со ракот на дојката кој е во четврти стадиум, и тоа го прави со извонредна издржливост и оптимизам.

Во неодамнешната епизода од нејзиниот подкаст, „Да бидеме јасни“ (Let’s Be Clear), поранешната ѕвезда на „Беверли Хилс, 90210“ сподели откритие во нејзината тековна борба за здравјето што таа го објасни како „чудо“.

Доерти (52) ја изрази својата новооткриена надеж за иднината, откривајќи ги позитивните резултати од неодамнешниот третман за рак кој ги надминал очекувањата.

Актерката откри дека е на нова терапија за рак и дека и покрај првичните неизвесности, упорноста се исплатела.

Зборувајќи за нејзиниот онколог, д-р Амин Мирхади, таа објасни: „По шестиот или седмиот третман, навистина видовме дека ја руши крвно-мозочната бариера“.

Опишувајќи го влијанието на овој развој како „чудо“, Доерти нагласи: „За мене тоа е чудо во моментов“. Некако ги склопив коцките и реков – „Ајде да продолжиме“.

Иако ги држи деталите за нејзиниот третман во тајност, актерката останува позитивна за резултатите, велејќи дека станува збор за „чудо од лек“ и „чудо што можеби Бог интервенираше и рече: „Јас ќе ѝ дадам пауза.“

Во текот на нејзиното деветгодишно борење со ракот, Шенен Доерти беше отворена и искрена за нејзините искуства со своите фанови на социјалните мрежи.

Дијагностициран ѝ е  рак на дојка во 2015 година, таа постигна ремисија во 2017 година, за да се соочи со повторување и тоа во четврти стадиум на болета во 2019 година.

 

 

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....