7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

Шакира лансира нова песна: „Знам дека си жежок, но јас сум многу пожешка“, дали е тоа уште една порака за Пике?

Колумбијската пејачка Шакира премиерно ќе го прикаже спотот за песната „Copa Vacía“; фановите се во исчекување со прашањето – дали е тоа уште една порака за Пике?

Шакира, по разделбата со Жерар Пике, е на пат да ја објави својата шеста песна на радост на нејзините милиони фанови ширум светот.

Вчера, колумбиската пејачка на својот Инстаграм профил откри дека следниот четврток, на 29 јуни, ќе го објави официјалниот спот за песната „Copa Vacía“ која е направена во соработка со нејзиниот сонародник Мануел Туризо.

На најавниот постер, таа позира како сирена на морскиот брег.

Шакира пред неколку дена објави видео на Инстаграм каде се гледа како сурфа, а во позадина се слуша стих од песната што треба да биде објавена.

Во објавата долга 20 секунди, Шакира го пее следново:

„Секогаш си зафатен со толку многу работи.

Би било убаво, љубов моја, да имаш малку слободно време.

Опушти се тука на каучот и дај ми го твоето внимание.

Заѕвони на телефонот, стави ја раката врз мене.

Знам дека си жежок, но јас сум многу пожешка“.

Откако ја прекина врската со поранешниот фудбалер, Шакира објави пет песни: „Te Felicito“ и „Monotonía“ во 2022 година и „Music Session 53“ со Bizarrap, „TQG“ и „Acróstico“ во 2023 година.

На оваа листа сега се додава и новата песна со наслов „Copa Vacía“, која според споменатиот стих, се чини дека е од циклусот песни упатени за Пике.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....