12:51 - 3 април, 2026

Еве зошто Шакира ја одложи новата песна против Пике: И еве кога конечно ќе ја објави!

Со недели се очекуваше новата песна на Шакира против Пике, која беше најавена дека ќе излезе на неговиот (и нејзиниот роденден), вчера, на 2 февруари.

Познато е дека на новата одмазничка песна Шакира работеше со колумбијската колешка Карол Џи, и брзаа за да ја промовираат на 2 февруари, датум на кој и Шакира и Жерар Пике го слават својот роденден.

Сепак, во последните неколку дена почнаа да се појавуваат гласини за промена на плановите и наместо со Шакира, во четврток (вчера) беше објавена соработката помеѓу Карол Џи со Ромео Сантос, наречена „X si volvieras“.

Но, зошто песната на Шакира и Карол Џи не беше објавена на роденденот на Пике?

Една од најочигледните причини за одложувањето е тоа што сè уште има последици од земјотресот предизвикан од Шакира со објавувањето на првата одмазничка песна „BZRP Music Sessions #53“.

Извори на ѕвездата објаснуваат дека „сè уште е рано да се обидеме да се натпреваруваме со овој светски хит, а дискографската индустрија смета дека е потребно да се почека малку до лансирањето на нова песна со надеж дека на таков начин ќе се добие нова „бомба“ против Пике“.

Но, тоа не би била единствената причина. И Карол Џи има свои причини: не може повеќе да се чека на објавувањето на нејзиниот албум, закажан за крајот на овој месец. Затоа, синглот со Шакира и албумот на Карол Џи, сега се планира да ги издадат во ист ден, или со разлика од еден ден помеѓу двете промоции.

Она што е сигурно е дека песната ќе биде повторно „жестока и против нив“, порака до Пике, бидејќи Карол Џи е позната како „експертка за инает“, а таа го создала текстот. Сепак, сè останато околу снимањето е апсолутна тајна.

И делото со Ромео Сантос и она со Шакира ќе бидат вклучени во албумот „Mañana será bonito“, од кој веќе се објавени сингловите „Gatúbela“ и „Cairo“, пренесуваат шпанските портали.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....