5.8 C
Скопје
07:08 - 1 април, 2026

Шакира го прекина молкот по веста за романсата со младиот „клон на Пике“: „Немам партнер, немам илузии на оваа тема“

Колумбиската пејачка Шакира ги коментираше гласините за новата романса по раскинувањето со капитенот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Жерар Пике, пренесува The Sun.

Во јуни оваа година Шакира го напушти Жерар Пике поради неговите неверства – фудбалерот е во врска со 23-годишна студентка по име Клара Чиа Марти. Според пишувањата на некои медиуми, спортистот и неговата нова љубов чекаат бебе.

Што се однесува до самата Шакира, таа минатиот викенд беше забележана во друштво на друг маж. Се испостави дека станува збор за инструкторот по сурфање, Горка Езкурдија, но тој често се потпишува од неодамна и како нејзин фотограф.

твитер

Горка е речиси двојно помлад од неа (тој има 24 години, а таа 45 години) и многу личи на нејзиното поранешно момче Жерар Пике, поради што новинарите го нарекоа негов „клон“.

Папараците ги снимија Шакира и Горка Езкурдија како флертуваат на плажа додека сурфаат. Сликите беа објавени во печатот, предизвикувајќи гласини за новата романса на пејачката, но таа веднаш ги демантираше.

„Од почит кон моите деца и низ што минуваат, барам од медиумите да престанат со овие шпекулации. Немам партнер, немам илузии на оваа тема. Само желбата целосно да се посветам на моите деца “, ја прекина тишината Шакира.

Шакира и Жерар Пике ја продаваат својата палата во Барселона со тениско игралиште и фудбалско игралиште во вредност од 14 милиони евра.Пејачката која го доби старателството над децата планира да се пресели со нив во Мајами, на Флорида, САД. Фудбалерот, пак, ќе остане да живее во Шпанија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....