36.8 C
Скопје
15:20 - 11 септември, 2026

Шакира доби одговор од бившиот дечко на Карол Џи, на двете им порача: „Јас сум најнезаборавниот човек на Земјата“

Поминаа само неколку дена откако беше објавена песната „TQG“ („Бев преголема за тебе“), а реакциите беа различни.

Иако сите ги чекаа новите стрели што Шакира ќе ги насочи кон Пике, и Карол Џи пукаше со исти „куршуми“ во заедничката песна, зашто и таа имаше своја несреќна љубовна приказна и раскинување (во 2021) со раперот Ануел А.А.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Колумбиската пејачка во хитот кој направи револуција на стриминг музичките платформи, на раперот му посветува неколку фрази.

„Dándome like a la foto mía“ (ми стави лајк на мојата фотографија), е една од највиралните, а се однесува на фактот дека Ануел АА ѝ стави „лајк“ на фотографијара од Карол Џи како позира на плажа кога тој веќе беше со доминиканската раперка Јаилин.

Додека обожавателите на Шакира и Карол Џи го фалат ставот на двете, бидејќи се цврсти и директни во нивните напади врз нивните поранешни партнери, Ануел АА ја искористи интеракцијата со неговите следбеници на Инстаграм, што многумина го протолкуваа како одговор на Колумбијките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by “REAL HASTA LA MUERTE” (@anuel)

Одговорот на Ануел АА на „TQG“ на Карол Џи и Шакира, беше проследен со серија слики во теретана, а раперот напиша: „Пријателска дебата: Која е причината што Ануел АА е толку незаборавен?“.

Покрај тоа, уметникот дава различни опции, како што се „моето лице“, „мојот јазик“, „неверојатниот секс“ или „сето горенаведено“.

На крајот, тој го кажува своето мислење: „Ова лице ме направи најнезаборавниот човек на лицето на Земјата“.

Фраза која ја придружува со неколку емотикони на смеа, скршени срца и хаштаг „#Срцекршач“.

Слични објави

Ова е вистината за дијагнозата на Јелена Томашевиќ

E.A.

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо
Се вчитува....