05:22 - 12 март, 2026

Северина: Чисто се сомневам дека Вучиќ се занимава со мојата маленкост

Северина Вучковиќ во новото интервју зборуваше и за политиката и политичарите.

– Во истото прашање јас сум и либерал и националист или сум што кому му одговара. Ниту левицата ниту десницата никогаш не ми биле проблем, но можеби јас ним сум им проблем. Одам на парада на гордоста за ЛГБТК заедницата, бев на протест за правата на жените на абортус, но неодамна бев и кума на едно убаво и многу паметно момче . Ме интересираат луѓе, а не чии крвни клетки течат низ нивните вени. Па, сите знаат кој е татко на моето дете, мојот поранешен сопруг, мојот композитор… Се се Србин над Србин (се смеа) и тогаш некој пишува дека сум „осведочена мразителка на Србите“ – изјави таа за српско „Стори“.

Таа се осврна и на тврдењето на српските медиуми дека нејзиниот настап на Копаоник е откажан поради нејзините претходни изјави.

– Овојпат очигледно нема да ја видам публиката на Копаоник. Зошто? Немам поим, и не е дека не би сакала да дознаам од чиста љубопитност. Организаторите му потврдија на мојот менаџер дека билетите за мојот концерт се распродадени. Не знам кој се заканувал и барал да ми биде откажан концертот – рече таа.

Напомена и дека слушнала дека Вучиќ ѝ го откажал настапот, во што, вели, дека не верува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Велат од највисокиот врв. Чисто се сомневам дека Вучиќ, покрај толку проблеми што ги носи на раменици, се занимава и со мојата маленкост. Единствено некој од моите бивши може да има некаков интерес, кому друг му е гајле дали ќе настапувам на Копаоник, но моите бивши се сите фини луѓе, не верувам дека некој од нив е… (се смее). Што се однесува до вревата што се крена поради моето мислење за локален босански политичар, дека тој малтретира жени и не го признава геноцидот, не спомнав ни С од Срби. Ама тезите се заменети, мене најлошо ме напаѓате за национализам, омраза кон Србите и други глупости. Како што е познато, претседателот Вучиќ лично им оддаде почит на жртвите од Сребреница и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Нема врска со политика или нација, туку со култура на душата, колективна болка. Тоа се случи на подрачје каде што живееше и живее мојата публика – заклучи Северина.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....