9.8 C
Скопје
13:01 - 1 април, 2026

Сериозна сообраќајка на легендарниот глумец Дик Ван Дајк (97): Удрил со автомобилот во порта

Легендарната ТВ ѕвезда Дик Ван Дајк е повреден откако удрил со својот Лексус во Малибу кога изгубил контрола над возилото.

Автомобилот на 97-годишниот актер се лизнал при влажни временски услови пред да се забие во порта, во средата наутро, пишува TMZ.

При несреќата го раскрвавил носот и устата, а според непотврдени информации можно е да доживеал и потрес на мозокот.

Полицијата пристигнала на лице место и го пронашла раскрвавениот холивудскиот ветеран зад воланот на неговиот Lexus LS 500, додава TMZ.

На местото на настанот му била укажана медицинска помош.

Сепак, Ван Дајк не бил однесен во болница, туку дошол пријател по него кој го однел дома.

Полицајците наводно доставиле документи до DMV со барање ѕвездата од „Мери Попинс“ повторно да го полага својот возачки испит. Според полициски извешатај, актерот не бил под влијание ни на дрога ниту на алкохол.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....