8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

Сергеј го направи „лом“ Питер Џон Босе: Наопаку и со две раце да се прекрстам!

Сергеј Варошлија го направи „лом“ Питер Џон Босе по неговиот настап на „Макфест“ во Штип, и без влакна на јазик го искритикува за стајлингот на фестивалот.

Џон Босе, кој е по потекло од Холандија, а сега живее во Бугарија настапи на јубилејното, 40. издание на „Макфест“ со неговиот голем хит „Самба во Штип“. Ова беше појавување на пејачот по долго време на сцената во Македонија.

– Леле, леле, мајко света! Ставај лабубиња на глава, криј се. Криј се, готово! Види го како е облечен. Како за на карневал во Рио. Не знаеш дали е полу Рио, полу Тахити, полу Хаваи. Тоа е некоја синтетика пеплосана, нарачана.

Некое шиено, тргано од Тему. Сакал да биде забавен, сакал да биде смешен. Тој има победено на Штип. Го ставив прееска на стори од стариот настап. Но, кога го видов ова, кога му го видов настапот во живо, јас се пеплосав.

Не ми беше добро. Каде има поента? Во Бразил на карневал? Види го на сцена, сачувај ме боже и саклони и наопачки и со две раце да се прекрстам… Види го, со наочари е тука. Убиец е. Од оние маскирани убијци.

Како нешто: ‘Хахаха, забавен сум, ама сакаш бонбонче?’ Малце таков вајб ти дава. А, ако ти даде бонбонче, не сакаш да ти даде. За вакви во наше време викале: ‘Со непознати да не збориш, зашто вака изгледале“, рече Сергеј Варошлија во поткастот „Урок“, кој заедно го води со Сергеј Варошлија.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....