3.8 C
Скопје
21:28 - 20 декември, 2024

Семејството Маркл: Што не е во ред со најблиските роднини на војвотката Меган

Семејството на Дијана Спенсер ја направи хероина на една од најтрагичните приказни на 20 век. Семејството на Кејт Мидлтон, од друга страна, и помогна на сопругата на принцот Вилијам да стане една од најсреќните членови на кралско семејство во светот. А што прават родителите на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари?

Додека Меган Маркл сè уште беше во статус на девојка на принцот Хари, внимателно беше разгледувана секоја нејзина изјава, а нејзината постара сестра Саманта Маркл успеа да стигне на телевизија, шпекулирајќи на тема за можна кралска венчавка.

Во своите коментари за медиумите, полусестрата на Меган беше неконзистентна и пристрасна: таа дури и ја негираше можноста за врска помеѓу нејзината сестра и принцот Хари, но потоа призна дека чекала покана за кралската свадба, а кога не ја доби, упати куп обвинувања за лицемерие на сметка на Меган.

Токму полусестрата на Меган ѝ стана најголем непријател на војвотката, тврдејќи дека таа е избувна и лажга, и дека е подобро принцот да се држи настрана од неа. Меѓутоа, штом принцот Хари во едно интервју изјави дека Меган конечно стекнала семејство што претходно го немала, полусестрата беше првата што се навреди од изјавата нарекувајќи ја бесрамна клевета. „Всушност, Меган имаше големо, добро семејство“, напиша Саманта на својот профил на Твитер. И ова, воопшто, не е прв пат полусестрата на Меган, Саманта Грант, да се обиде да го привлече својот дел од вниманието на користејќи ја Меган. Драматичните приказни на Саманта набрзо станаа вистински подарок за новинарите. Благодарение на нејзните контрадикторни изјави, јавноста доби можност за споредба за тоа како се однесуваат најблиските на Кејт Мидлтон.

Првпат се дозна за мајката на Меган Маркл кога официјално беше поканета во ВИП ложата во друштво на принцот на затворањето на Игрите Инвиктус. Нејзиното присуство веднаш беше оценето како гласна изјава на парот дека меѓу нив нема само романса, туку нешто многу повеќе. Сепак, самата Меган никогаш не ја користела својата мајка како алатка за себепромоција, бидејќи за неа Дорија отсекогаш била најблиската личност на светот.

Ако Меган ја наследила страста за филмот и глумата од нејзиниот татко, тогаш од мајка си ја наследила љубовта кон добротворните цели. „Отсекогаш сум била горда на оваа убава жена“, коментираше Меган минатата година на една од нејзините фотографии на Инстаграм, на која нејзината мајка позираше по повод нејзиното дипломирање. По образование, Дорија е инструктор по јога и социјален работник, а токму таа, според самата Меган, ја научила како да биде „граѓанин на светот“.

– Таа ме научи да гледам во најсуровата реалност“, напиша актерката на нејзиниот поранешен блог The Tig.

– Имав 10 години кога ги видов сиромашните квартови на Јамајка. Таква сиромаштија немав видено претходно, но мајка ми ми рече да не се плашам. Запомни, но не плаши се“. Оттогаш, Меган, која порасна во Калифорнија, поддржува добротворни организации во текот на нејзиниот живот, беше амбасадорка на поддршка на жените на Обединетите Нации и патуваше во хуманитарни мисии во Африка.

Своевремено Дорија Рагланд мораше да се справи не само со сиромаштијата, туку и со расната дискриминација. Кога Том Маркл се ожени со неа, неговата ќерка од претходниот брак ја нарече слугинка – поради нејзината темна боја на кожата и потеклото од американски робови. Во колумна за списанието „Ел“,  Меган се присети како очите на Дорија се полнеле со солзи од омраза и незадоволство секој пат кога била навредувана на улица од сосема непознати луѓе. Овие спомени го зацврстија карактерот на Меган дотолку што таа самата, откако стана позната, никогаш не дозволи да биде ретуширана ​​на фотографиите и да ја „избели“ нејзината боја на кожата.

Всушност, Дорија сама ја одгледала Меган. Секогаш била тука за својата ќерка, дури и долета со неа во Лондон за да се запознае со Хари и, изгледа, сега е подготвена да стори сé за Меган да продолжи со својата кариера, макар и без Хари. Ова за неа беше огромен тест, бидејќи без разлика како еволуираше човештвото во изминатите триесет години, таа – црната – никогаш не може да ги избегне страничните погледи на снобовсската британска аристократија.  За да се разбере позицијата на Дорија, доволно е да се спомне свадбата на Хари и Меган кадешто таа се појави во позадината на амбиентот – сепак, послушно облече шешир и типичен британски фустан. Седеше речиси сама, скромно, и со насмевка г бришеше солзите радосници. Меѓу високото благородништво и светските ѕвезди кои дојдоа на свадбата, оваа жена изгледаше достојно за сите собрани, без грам суета, само тивка мајчинска среќа за судбината на нејзината ќерка.

Без разлика на скандалозните изјави од страна на нејзиниот татко, Меган му упати срдечна порака.

„Твоите прегратки се наубави на светот“, напиша таа на социјалните мрежи во чест на Денот на татковците. И му се заблагодарува што ѝ всадил посебна работна етика, за вредностите што ги научила во детството од него, и нагласи дека е горда што е негова ќерка.

Меган живеела со мајка си и татко ѝ само седум години (во 1988 година, Дорија и Томас се развеле). Но таа продолжи во секоја прилика да изјавува дека се сеќава како нејзиниот татко како ја научил да ја брани својата индивидуалност кога морала да се соочи со расна дискриминација.

Во 2015 година, актерката напиша колумна за британски „Ел’ во која објаснува дека нејзиниот татко еднаш ѝ подарил кукли од серијата Барби, меѓу кои мајката Барби била со темна кожа, таткото – односно Кен- со светла кожа, а нивните две Барби деца биле од на различни раси. Тоа убаво го опишува семејството на Меган Маркл. Таа ја наследи темната кадрава коса и кафени очи од нејзината мајка Дорија, и релативно бела нијанса на кожата од нејзиниот татко Том.

Бракот со Дорија не беше прв за Том Маркл. На 20 години тој веќе бил оженет со 18-годишна извесна Розалин од Чикаго. Но, нивната врска траеше само осум години. Розалин подоцна призна за британскиот Дејли Меил дека „едноставно не се согласувавме. Том постојано патуваше во Калифорнија за да изгради кариера на телевизија. Имаше и тешки моменти кога мораше да мие садови во ресторани за да заштеди пари за кирија. Работеше премногу напорно“.

твитер

Томас се запознал со Дорија на снимање кога привремено таа работела како шминкер, а тој бил одговорен на осветлување. „Сакам да мислам дека тој се вљубил во нејзините прекрасни очи, афро фризурата и фактот дека и двајцата биле заинтересирани за сè што е древно“, пишува Меган во една колумна објавена неодамна. Сепак ни бракот со Дорија не траел подолго од десет години, а оттогаш и потежок станува контактот со неговата ќерка.

Сепак, токму тој плаќал за нејзиното образование и ѝ помогнал да ги направи првите чекори во филмската индустрија.

Долго време, и покрај најголемите обиди на новинарите, таткото, за разлика од другите роднини на Меган, воопшто не даваше интервјуа. За време на кралската венчавка, новинарите само еднаш можеа да извлечат коментар од него. „Мислам дека е одлично. Јас сум многу среќен. Тие се одлично прилагодени еден на друг. Среќен сум за Меган и Хари. Многу ја сакам ќерка ми, а Хари е џентлмен“, им рече тогаш Томас Маркл на новинарите, а потоа ги замолил повеќе да не му пречат.

Но не беше се како што беше замислено. Две недели пред венчавката на Хари и Меган, Кенсингтонската палата официјално објави дека Томас Маркл ќе ја води својата ќерка до олтарот. Но, само една недела пред свадбата, беше соопштено дека Томас Маркл е болен и нема да дојде на свадбата на ќерка си.

Некогаш молчеливиот татко почна доброволно да дистрибуира контроверзни коментари до таблоидот ТМЗ, да позира за папараците, да се жали на болното срце, а еден месец по кралската венчавка, се согласи со пикантно телевизиско интервју за утринската емисија „Добро утро Британија“.

„Поголемиот дел од времето Хари и Меган ми велеа: „Не зборувај со новинарите“, рече Томас во отвореното  интервју за кое доби за 7.500 фунти. Едноставно, Томас одлучил да не се труди повеќе да ги следи советите на својата ќерка и нејзиниот тогашен вереник.

Во февруари годинавам се случи уште еден настан кој крена врева во печатот: таткото на војвотката од Сасекс на медиумите им го претстави писмото што неговата ќерка му го напишала неколку месеци по бракот. Во него Меган го замолила Томас да се одмори, да размисли и да сфати една важна работа: „можноста да се живее со чиста совест е многу повредна од секоја парична награда“. Блиските пријатели на Меган забележале дека со оваа порака таа сакала да стави крај на нивното меѓусебното недоразбирање. Сепак, личноста на таткото на војвотката од Сасекс е една од најконтроверзните во целото семејство Маркл.

„Ова не го правам за пари“ – тврдеше. Во секој случај, Меган никогаш не му прости на својот татко – и до денес, по бројните скандали,  војвотката од Сасекс не се сретна со Томас, а освен тоа, категорично одбива да му дозволи да ги види нејзините внуци – Арчи и Лилибет.

Сепак, една недела пред нејзината роденденска прослава, неодамна, тој повторно реши да си ја проба среќата и ѝ напиша писмо. „Мег, знам дека не сум совршен, како и сите други во нашето семејство, тоа го знаеш и самата. Но, добро или лошо, ние сме единственото семејство што го имаш“, резимира Том, веројатно не мислејќи дека, за разлика од завидливото и вообразено семејство Маркл, самата Меган има сосема поинаков концепт за „семејство“.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....