12.8 C
Скопје
10:56 - 11 март, 2026

Семеен пријател ги откри сите детали: Еве каква е здравствената состојба на вдовицата на Халид Бешлиќ

Поминаа два месеци откако регионот го загуби еден од своите најомилени музичари, легендарниот Халид Бешлиќ. И додека публиката сè уште тагува по загубата на човекот чии песни одбележаа децении, неговиот близок пријател и колега Осман Хаџиќ ја отвори својата душа и откри како е вдовицата на Халид, Сејда.

„Редовно добивам вести од Дино. Сејда е во Германија со Дино, во ред е. Мислам дека е добро, штом можеше да оди во Германија да ги посети, тоа значи дека е добро“, рекол Осман, објави српски „Курир“.

Халид ја остави зад себе сопругата Сејда, со која беше во брак од 1977 година. Нивната љубов започна во годините кога Халид штотуку влегуваше во светот на музиката, додека Сејда работеше во фабрика за чоколадо. Кратко по свадбата, таа ја напушти работата за целосно да се посвети на семејството.

Низ годините, тие заедно поминаа низ бројни предизвици, а еден од најтешките моменти беше кога на Сејда ѝ беше дијагностициран тумор.

„Операцијата на туморот ѝ ја одзеде можноста на Сејда повторно да стане мајка, а тоа беше голема тага за нас“, рече Бешлиќ во тоа време.

И покрај сè, Сејда ја победи победи, а нивниот единствен син, Дино, е нивната најголема радост и гордост.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....