14.8 C
Скопје
15:34 - 17 март, 2026

СЕЛМА БЛЕР ЈА ДОКУМЕНТИРАШЕ СВОЈАТА БОРБА ЗА ЖИВОТ: Само сакам да им помогнам на другите

селма блер

Актерката Селма Блер со јавноста ги сподели деталите за борбата со тешката болест, откако пред неколку години ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза, што целосно ѝ го променила животот.

Селма Блер: „По три години болеста е во фаза на ремисија“

„Само сакам да им помогнам на другите да се чувствуваат подобро“, вели таа во филмот, кој во моментов се прикажува и во кој се гледаат потешкотиите во движењето и говорот со кои се соочува актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

Имено, „Introducing Selma Blair“ е документарен филм кој се фокусира на нејзината борба и третман, како и прилагодување на животот со болеста за да им помогне на оние кои се наоѓаат во слична или иста ситуација како неа.

Режисерката Рејчел Флејт, прикажува како актерката поминува низ третман со матични клетки, што е ветувачко за нејзината состојба, но сепак има тешки последици за телото. Селма има модринки на лицето, трпи болки, а во исто време зборува за чувствата на страв и смртност, и во ниту еден момент не го губи својот оптимизам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

Била дијагностицирана со мултиплекс склероза во 2018 година, а потоа за првпат се појави во јавноста на Оскарите во 2019 година. По доделувањето на наградата во Лос Анџелес, актерката пристигна на црвениот тепих на забавата на „Vanity Fair“ како една од главните sвезди, што било многу емотивно за неа во тоа време.

„Ми требаше многу време да се појавам тука“, рече тогаш и почна да плаче, а насобраните ја поддржаа и ја поздравија со аплауз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

Актерката тогаш одеше по црвениот тепих со помош на стапче, за полесно да се движи. Но, ниту болеста со која се бори не ја спречи во кариерата, Селма Блер ја снимаше серијата „Another Life“ и неколку други филмови.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус мами воздишки, позираше во минијатурно црвено бикини

Еспресо

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац полни 19 години, пејачката објави: „Мојата прва, најголема љубов“

Еспресо

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin
Се вчитува....