7.8 C
Скопје
19:54 - 30 март, 2026

Селма Бајрами не престанува да провоцира: „Национализмот е тема за луѓе со плата од 300 евра“

Откако беше вратена од белградскиот аеродром на 22 јануари, бидејќи официјално ѝ беше забранет влез во Србија, по налог на поранешниот директор на БИА, Александар Вулин, фолкерката Селма Бајрами не престана да се огласува на социјалните мрежи. Меѓутоа, сега таа се одлучи на многу чуден потег.

Имено, таа го „заклучила“ својот Инстаграм профил, па оние кои не ја следат не можат да ѝ пишуваат или да ги видат нејзините објави. Сепак, на пејачката не и е баш гајле што го изгубила „големото парче торта“, бидејќи во Србија многу настапувала и затоа заработувала многу пари.

Овојпат таа напиша на Инстаграм дека национализмот е тема за луѓе кои заработуваат 300 евра месечно.

принтскрин

 

Во екот на скандалот, да потсетиме, Селма порачуваше „да цркнат душманите“, а на мрежите прикачи видео од Белград чиј датум не е познат, а потоа го прозва и Новак Ѓоковиќ дека поминува време со пејачката од Приштина, Рита Ора.

„Национализмот е тема за оние со месечни примања до 300 евра. Ним им се сервира таа приказна. Кога платата ќе надмине 500 евра, тогаш почнува муабетот за гардероба и кафулиња. Кога ќе надмине 1.000, тогаш топ тема е здравата исхрана, летни одмори и зимувања, а кога ќе се искачи на повеќе од 3.000, тогаш престанува цело “паламудење“. Луѓето тогаш зборуваат за временска прогноза и за љубов – ги сподели Селма некогашните зборови на Рамбо Амадеус на Инстаграм.

 

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....