7.8 C
Скопје
20:22 - 29 март, 2026

Сексапилната Теа Таировиќ ја подигна цената за настап: Кралицата на бакшишот ќе инкасира над пола милион евра за 43 настапи

Теа Таировиќ е резервирана со месеци однапред, а за само четири месеци ќе „изведе“ дури 43 настапи и на тој начин ќе заработи огромни пари!

Теа Таировиќ е една од најбараните пејачки од „домашната“ естрада на балканските простори. Ја нарекуваат кралица на бакшишот, се резервира со месеци однапред и за нејзините настапи секогаш се бара билет повеќе, а за само осум месеци би можела да стане милионерка!

„Во рамките на турнејата Балканија, Теа има закажано дури 43 настапи низ Европа, а за сите ќе ѝ биде платено исклучително добро. Теа прави „крш“ на теренот, знае да направи одлична атмосфера, атрактивна е, супержешка, има хитови и добива добар хонорар по настап, многу повеќе пари од нејзините колеги кои биле на сцената многу подолго од неа. По настап Тео добива во просек по 13.000 евра! Со оглед на тоа што закажала дури 43 тезги од 21 јануари до 27 мај само во тој период ќе заработи 559.000 евра!“, открил информиран извор за српските медиуми.

Изворот открива и дека нејзиниот хонорар не е насекаде ист. Кога пее повеќе од „терминот“ зема и по 15 000 евра. Многу е барана во Хрватска, Босна, Словенија, но и во Бугарија, Германија, Австрија, Швајцарија.

„Покрај хонорарот зема и одличен бакшиш. Додека пее и игра фановите ја честат со големи суми мари, не ја викаат напразно кралица на бакшишот“ – открива изворот и додава дека пејачката се што ќе заработува го вложува во кариерата и дека не се рафрла со пари туку најмногу вложува во нови песни, спотови и стајлинг.

 

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....