5.8 C
Скопје
05:39 - 1 април, 2026

Сè за пари: Колку чини „разголувањето“ на Хари и Меган за Нетфликс и издавачките куќи, „Американското пропагандно ѓубре“ им обезбеди цело богатство!

Новиот документарен серијал на Нетфликс „Хари и Меган“ предизвика бурни реакции во јавноста. Многумина Британци серијата ја нарекоа „Американско пропагандно ѓубре“, а Хари и Меган се на удар на критики поради искористување на целата приказна за напуштањето на кралското семејство за лична и финансиска корист.

Минатиот четврток беа објавени првите три епизоди од серијата, во кои парот раскажа се за нивната врска, од самите почетоци до болните моменти со кои морале да се соочат.

Според странските медиуми, Хари и Меган добиле 100 милиони долари за снимањето на серијата. Но, тоа е само дел од нивната заработка поради откривање на приватноста.

Откако решија да ги напуштат своите должности во кралското семејство, Меган и Хари со различни издавачки куќи имаат потпиѓано различни договори за огромни суми само за да ја раскажат својата приказна. Затоа, тие ги основаа медиумските компании „Archwell Audio“ и „Archwell Productions“, а Меган под нејзината продукциска агенција го лансираше подкастот „Archetypes“ на Спотифај, за кој доби 18 милиони долари за тригодишно снимање.

Покрај тоа, Хари потпишал договор вреден 20 милиони долари за објавување на неговите мемоари кои се очекува наскоро да излезат во продажба.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....