2.8 C
Скопје
03:21 - 15 март, 2026

Се огласи Селма Бајрами: „Да не ја вртиме главата на друга страна ако сме сведоци на насилство“

Пејачката Селма Бајрами проговори неколку часа по споделувањето на фотографијата од болница, на која се гледа дека лицето ѝ е со големи модринки.

Сепак, таа не е повредена. Селма повторно постираше објава на Инстаграм на која позира среќна и насмејана, без модринки на лицето, и открива дека снимала спот за песна.

Потоа порача:

– Насилството врз жените е сериозен проблем кој бара итна акција. Тоа е прекршување на основните човекови права што нанесува непоправлива штета на поединци и на општеството генерално. За да ја намалиме појавата на насилство врз жените, мораме да делуваме заедно како општество на повеќе нивоа. Едно од тоа е подигнување на свеста, едукација и пружање помош на жртвите. Важно е секој од нас да преземе одговорност и да пријави секаков вид на насилство. Без разлика дали сме жртви или сме сведоци на истото, напиша Селма и продолжува – „Сведоци сме дека секојдневно се убиваат барем три жени. Тоа е страшно. А колку жени трпат психичко насилство и физичко малтретирање, а тоа никој да не го знае…Затоа, да не ја вртиме главата на друга страна кога ќе бидеме сведоци на каков било вид на насилство. Да го пријавиме, да делуваме, и да спасиме нечиј живот. Јас сум пртепана – станува збор за фотографија од снимањето на спотот за песната Дама, која меѓу другото, зборува и за екојдневната борба на жената со проблемите и дава јасна порака дека никогаш не треба да се откажуваме. Чекор по чекор, ден по ден, се подобро ќе ми биде…“

(Фото) Селма Бајрами објави фотографија од болница: Лицето ѝ е покриено со страшни модринки

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....