7.8 C
Скопје
07:15 - 28 септември, 2026

Конфликт на тимовите на Теја Дора и на Јелена Карлеуша: „Нè украдоа“

Теодора Павловска, алијас Теја Дора, ќе ја претставува Србија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Малме, а нејзината песна „Рамонда“ и сценскиот настап предизвикаа лавина од коментари со спротиставени мислења. Не само јавноста, туку и познатите личности се поделија фаќајќи страна – за Теја или пак, за нејзината ривалка Бресквица.

Така, со денови се полемизира дали Србија направила добар избор или не со тоа што Теодора ја испраќа во Шведска.

Една од оние кои пред самиот избор, јавно ја поддрша Теја Дора беше и Карлеуша. Таа отворено на својот инстаграм-профил истакна дека за неа Теја е фаворит и дека нејзината песна има „светски звук“.

„Нај-ворлд мјузик. Теја Дора. Глас кој има етеричен звук и ги пробива лингвистичките и културните бариери во музиката“ – напиша Јелена Карлеуша.

Сепак, откако Теја Дора на Беовизија го претстави својот сценски настап, а на кој таа на почетокот седи на голема карпа која е поставена на бината, на социјалните мрежи започна голема дискусија. Многумина коментираа дека сценографијата е речиси идентична на онаа на Карлеуша, која веќе ја покажа на својот концерт во Белград, на промоција на албумите „Алфа“ и „Омега“ во септември минатата година, и дека Теодора ја украла идејата од постарата колешка.

принтскрин, инстаграм

Тогаш поп ѕвездата, додека ја изведуваше емотивната балада „Јас“, цело време седеше на голема карпа поставена на сцената, што според многумина била инспирација за Теја Дора и на нејзиниот креативен тим за настапот на Беовизија.

Со ова мислење се согласи и Зоран Бирташевиќ, креативниот директор и продуцент кој работи за Јелена Карлеуша, и кој всушност го осмислил целиот перформанс на Јелена кога таа ги претставувала своите нови албуми.

„Во меѓувреме, креативниот директор на Рамонда ме ограби, ама нема врска…Да сме живи“ – напиша Зоран на Твитер, постирајќи фотографија од двата настапа, а подоцна објавата ја избришал од профилот.

Инаку, за сценскиот настап на Теодора бил задолжен уметничкиот директор Бранко Тмушиќ.

„Идејата беше да се претстави драматична бајка која раскажува приказна за храброста, истрајноста но и фрагилноста. Приказна која потсетува дека после дожд секогаш доаѓа сонце, дека има светлина на крај на тунелот, дека ноќта е најтемна пред разденување“, рекоа од тимот на Теја Дора.

Самата Карлеуша се уште не се огласила на оваа тема, а не одговорила ни на телефонските повици на српските новинари за да добијат коментар на оваа тема.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....