16.8 C
Скопје
16:27 - 7 март, 2026

Се огласи и данскиот принц Николај кој остана без титула, а не крие колку го повредила одлуката на баба му

Откако неговата баба, кралицата Маргрета, донесе одлука да им ги одземе титулите принцови и принцези на неговите браќа и сестри од 1 јануари 2023 година, најстариот син на принцот Јоаким, 23-годишниот Николај, член на данското кралско семејство, вели дека е „тажен, шокиран и збунет“.

Од почетокот на 2023 година тој повеќе нема да може да ја користи титулата Негово Кралско Височество, исто како и неговите помали браќа и сестра, бидејќи тогаш стапува на сила одлуката на кралицата Маргрета, која, според неа, е „најдобра за нивната иднина“.

За оваа одлука се огласи и мајката на Николај, грофицата Александра, која преку секретарот за односи со медиумите праша зошто промената не може да се почека до денот на нивната венчавка, кога „и онака ќе ги загубат титулите“.

„Јас и целото мое семејство сме многу тажни. Ние сме, како што кажаа моите родители, во шок поради оваа ненадејна одлука“, изјави принцот Николај за данскиот весник Extrabladet и додаде:

„Збунет сум и не разбирам зошто сè мораше да се случи вака.“ Данските медиуми го пречекаа пред неговиот стан во Копенхаген, каде што живее со неговата девојка.

Сето ова е реакција на Николај на она што се случува последните денови. Откако кралицата Маргрета изјави дека децата на принцот Јоаким ќе останат без титули, нејзиниот помал син реагираше дека не биле информирани за се, на што од палатата одговорија дека биле официјално известени пет дена претходно.

Тие додадоа и дека се „свесни за емоциите што се појавија“, но дека за оваа одлука се размислувало долго време, и не е нешто „од вчера“. Принцот Јоаким изјави дека неговите деца, Николај (23), Феликс (20), Хенрик (13) и Атина (10) ја доживеале одлуката на нивната баба како удар.

„Сите сме многу тажни. Никогаш не е забавно да гледате како вашите деца се повредени. Тие беа доведени во ситуација што не ја разбираат“, изјави 53-годишниот принц Јоаким, кој живее во Париз со својата втора сопруга, принцезата Мари, со две помали деца.

Слични објави

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova
Се вчитува....