16.8 C
Скопје
17:39 - 12 март, 2026

СЕ ЈАВИ ОД БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ: Ејми Шумер се опоравува од тешка операција

Ејми Шумер

Актерката Ејми Шумер се опоравува по операцијата за време на која лекарите ѝ ја отстраниле матката и слепото црево.

Комичарката морала да оди на операција поради ендометриоза, хронична болест во која ткивото на внатрешната обвивка на матката се појавува на места во телото каде што не треба, односно надвор од матката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer

По операцијата, Ејми се огласи на својот инстаграм-профил со видео од болничкиот кревет.

„Мојата матка е надвор. Лекарот пронашол 30 точки на ендометриоза што ги отстрани. Покрај матката, ми го отстрани и слепото црево бидејќи ендометриозата го нападнала и него. Имаше многу, многу крв во мојата матка и се уште ме боли“, раскажа Ејми.

Ејми кон крајот на август им се обрати на своите бројни обожаватели и пријатели кои исто така страдаат од ендометриоза. Во саботата, таа им рече да обрнат внимание ако имаат болна менструација, бидејќи може да имаат ендометриоза. Покрај болната менструација, ендометриозата може да предизвика и неплодност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer

Актерката отворено зборуваше за нејзините проблеми со зачнувањето. Таа во мај 2019 година го роди својот син, Џин.

Слични објави

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо
Се вчитува....