6.8 C
Скопје
08:28 - 30 март, 2026

Саша Поповиќ ги откри хонорарите на „Ѕвездите на Гранд“: Еве какви договори се потпишуваат!

Во медиумите „се вртеа“ различни приказни за хонорарите на учесниците на „Ѕвезде Гранда“, па и такви дека учесниците биле врзани за мал хонорар со „Гранд“ девет години, а сега Поповиќ ја откри својата страна на приказната:

– Има толку многу од овие деца и секој дава некакви изјави, тоа не ме засега толку многу. Кога ќе стигнат до финалето, дваесетина од нив потпишуваат деветгодишен договор. Секоја година им кажувам на финалистите дека договорот е активен само ако можеме да направиме нешто од нив. Значи потпишаа договор, а дотогаш работеа за околу сто, сто и педесет евра во некои клубови и дискотеки. Потоа доаѓаат на натпреварот и започнува ново поглавје – искрено ја започна својата приказна Саша:

– Значи им велам, ќе добиете песни, реклами, ако успееме да ве кренеме на илјада евра, две, тоа е одлично и тоа вреди, а ако видиме дека за една година уште работат за 150 евра, тој договор не вреди ништо. Им велиме да одат да пеат и да работат како до сега, но тие имаат деветгодишен договор со нас и секогаш можат да дојдат кај нас кога ќе снимаат нешто, бидејќи ние сме нивна куќа, па можеби нешто ќе се случи за три , четири години – изјави Поповиќ за српски Блиц, а потоа се сети на Мирза Селимовиќ.

– Се сеќавам на Мирза Селимовиќ кој беше победник. Тој доби една, две песни, но ништо значајно не се случи. Дојде и рече : Директоре, што да правам, јас и понатаму пејам за 400, 500 евра. А јас му реков: “Ти сам на себе прави си тезги, а ако ние имаме некој настап за тебе, ние тоа ќе ти го закажеме. И без разлика што имаш договор, сите тие пари се твои”. Мирза подоцна направи голем успех и сега има одлична цена – вели Саша и откри колку е заработката на Гранд, а колку на шејачите од настапот

„Само да кажам дека во договорот стои дека 70 отсто оди за нив, а 30 отсто за Гранд“.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....