8.8 C
Скопје
11:15 - 1 април, 2026

Саша Матиќ му одржа лекција на кандидатот на Цеца, а таа му рече остро: Нема да дозволам да се напаѓаат деца!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во новото издание на својата емисија ги угости колегата Саша Матиќ, младата пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица и победникот на „Ѕвезде Гранда“ – Никола Станишиќ.

Виралните снимки на социјалните мрежи сведочат дека студиото на Цеца е секогаш интересно. Од време на време има конфликт на мислења, но малкумина би очекувале дека големиот пријател на Цеца, Саша Матиќ, ќе го критикува победникот на „Ѕвезде Гранда“ чиј ментор беше Ражнатовиќ.

Имено, откако ја испеа песната „Македонско девојче“ во емисијата „Цеца шоу“, Никола Станишиќ немаше поим дека ќе следи коментар од постар и далеку поискусен колега.

– Морам да ти дадам мала критика, да ти дадам еден совет. Цеца знае, често бев во жирито на „Ѕвезде Гранда“ и ги советував младите пејачи. Кога пеете, нема дополнувања во песните. Нема „и“, нема „така“… Сè мора да се отпее правилно – рече Матиќ, а Цеца набрзо му одговори:

– Сале, тоа е уметничка слобода. Да видиш јас што додавам во моите песни, пелтечам, правам грешки… Затоа не дозволувам децата да бидат нападнати во „Ѕвезде Гранда“, бидејќи јас прво правам грешки. Тебе, Сале, ти благодарам за добронамерниот совет, и јас ќе бидам подобра на следниот концерт – се пошегува Цеца за себе.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....