21:15 - 4 ноември, 2026

Саша Ковачевиќ не штедел за свадбата со Зорана — за гламурозната прослава потрошиле 40.000 евра

Пејачот Саша Ковачевиќ и неговата избраничка Зорана Тасовац викендов го кажаа судбоносното „да“ по девет години љубов, а според српските медиуми, за свадбената прослава издвоиле дури 40.000 евра.

Иако не сакале голема медиумска помпа, младенците не штеделе кога станува збор за организацијата. Свадбата била организирана во луксузна вила, а гостите уживале во внимателно избрано мени, скапи пијалаци, десерти и богата декорација која, според присутните, изгледала како од бајките.

Според извор близок до парот, Ковачевиќ сакал сè да биде беспрекорно организирано и на високо ниво, но истовремено атмосферата да остане интимна и опуштена.

„Младенците уживаа. Сале сакаше сè да биде на високо ниво, но без никаква помпа. Сакаа опуштено да уживаат во овој ден. Зорана исто така не беше пребирлива кога станува збор за венчаницата. Се славеше до доцна во ноќта, се пиеше и се играше, беше навистина прекрасно“, изјавил изворот.

Зорана за големиот ден избрала елегантна венчаница, додека Саша носел класичен црн смокинг. Двајцата постојано биле насмеани и расположени, а славјето траело до доцните ноќни часови.

Посебно внимание привлече и моментот од матичната церемонија кога матичарката му рекла на Ковачевиќ: „Ја избравте вистинската невеста.“

На тоа пејачот одговорил: „Така ми се погоди. Секогаш и засекогаш ќе ја сакам, да!“

По венчавката, Зорана го зела презимето на својот сопруг, а нивната свадба, и покрај желбата да остане далеку од очите на јавноста, стана една од најкоментираните теми на регионалната естрада.

Слични објави

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.
Се вчитува....