23:52 - 4 ноември, 2026

Ведрана Рудан измачена од борбата со ракот: „Не сакам да одам по цвеќе, сакам да бидам под него“

Писателката без разубавување ги опишува стравовите, последиците од лекувањето и секојдневните ситуации со кои се соочува.

Пистателката и колумнистка Ведрана Рудан повторно ја заинтригира јавноста со новото издание на својата колумна „Девојката во прегратката на метастазите“, посветена на животот со рак. Писателката без разубавување зборува за стравовите, последиците од терапијата и секојдневните ситуации со кои се соочува. На самиот почеток од колумната таа се осврнува на тоа од што луѓето најмногу се плашат кога ќе дознаат за дијагнозата.

„Ако човек од нешто се плаши, тоа е рак. Не толку од самата болест, колку од лекувањето“, тврди Рудан, а потоа продолжува за животот со рак:

„Јас немав поим дека ракот предизвикува халуцинации и дека зборуваш неверојатни глупости додека мислиш дека си Цицерон. Секако, никој претходно не ти го кажува тоа, но веројатно стои во согласноста за интервенција. Но кој тоа го чита? Подоцна е доцна, иако не си ни виновен. Лекарите те тешат дека виделе и полоши испади од твоите. Но тоа не помага“, пишува писателката.

Рудан потоа изразува незадоволство од методите на лекување што ѝ ги нудат блиски луѓе.

„За време на лекувањето роднините не се откажуваат. Во куќата ти влегуваат ‘чудотворци’, шишиња полни со лекови, за 150 евра ‘лечат’ од игла до рак на локомотива. Да се разбереме, тоа не се необразовани луѓе. Имаат факултети, предаваат на факултети и многу добро го знаат својот трговски занает. Знаеш дека спас нема, но мораш да бидеш добар, да молчиш, да не реагираш и ништо да не прашуваш“, сподели Ведрана, на која, како што вели, веќе ѝ е преку глава од сè.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....