Водителката Сања Маринковиќ за домашните медиуми проговори за најболната тема, смртта на нејзините татко и мајка. Сања ја отвори душата и призна дека не ги знае датумите кога починале нејзините родители.
Таа раскажа дека нејзиното тело, како одбранбен механизам, избрало да ги потисне деталите од најтажниот момент што го доживеала.
„Јас тоа го потиснав, тие статистики воопшто не ги знам, дури ни датумите на нивната смрт не ги знам. Тоа е точно нешто што човекот несвесно го потиснува. Ги знам нивните родендени, но овој другиот, пострашен датум, не го знам и не сакам да го знам“.
Сања додаде дека нејзиниот брат е тој што ја потсетува на тие моменти. Сè се случило преку ноќ. Лекарите ѝ соопштиле дека нејзината мајка добила канцер пред татко ѝ, иако и двајцата биле големи борци.
Помина низ болна борба
Водителката неодамна откри детали за најтешкиот период во животот кога остана без двајцата родители. Иста дијагноза, и мајка ѝ и татко ѝ боледувале од канцер на белите дробови.
Болеста ја носеле на различен начин. Кај мајка ѝ откриле сосема случајно, откако ја шинла ногата на кеј, па почнал да ја боли ‘рбетот. Слично како во случајот на Саша Поповиќ, барале помош кај исти лекари и во болници во Франција. Сепак, мајка ѝ не заминала за Франција бидејќи во моментот кога организирале сè, белите дробови ѝ се наполниле со вода и морале да го откажат авионот.
На прашањето кој ја научил да зборува за тоа без да ја совладаат емоциите, Сања одговори:
„Никој не ме научи, но изгледа научив како да ја голтам кнедлата. Сите ме прашуваа што пијам од лекови. Никогаш во животот, откако сум родена, немам испиено ниту една таблета за смирување. Не знам од каде таа сила. Веројатно е до воспитувањето и карактерот. Со силата на својот карактер си објаснив дека тоа е животот. Нема предавање, се бориме. Сè што беше во наша моќ, направивме“.
