2.8 C
Скопје
05:22 - 3 март, 2026

Ружди исклучен од респираторот, почна да зборува; Обвинителот: нападот бил со предумисла

„Напаѓачот пристигнал еден ден пред настанот на кој писателот требало да зборува во институцијата Чаутаука – рече окружниот обвинител Џејсон Шмит – и се претставил со лажен документ за идентификација“.

Напаѓачот на Салман Ружди пристигнал еден ден пред настанот на кој писателот требало да присуствува во институцијата Чаутаука и се претставил со лажна лична карта. Окружниот обвинител Џејсон Шмит го изјави ова, објаснувајќи зошто истражителите веруваат дека нападот бил „целен и со предумисла“. Обвинителот не прецизираше но веројатно е дека лажниот документ пронајден кај Хади Матар е возачката дозвола на име на „маченик“ на Хезболах, пренесува раињуз.

Инаку, Матар се изјасни за невин за обид за убиство и напад пред судот во Њујорк. Судијата донесе одлука за апсење без кауција.

Обвинителот објасни дека Салман Ружди бил „прободен три пати на десната страна од предниот дел на вратот, четири пати во стомакот, еднаш во десното око, еднаш во градите и еднаш во десната бутина. Затоа имало десет убодни рани“.

Во меѓувреме, здравствената состојба на писателот се подобрува. Според Би-Би-Си, Ружди е исклучен од респираторот и сега може повторно да зборува. Веста ја потврди и агентот на Ружди, Ендрју Вајли.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....