10:11 - 12 март, 2026

Роби Вилијамс за губењето на косата: Плаќав третмани по иста цена колку што е куќата на баба ми

По неколку неуспешни третмани кои го поттикнуваат растот на косата, англискиот пејач Роби Вилијамс откри дека планира да се помири со состојбата со која се соочуваат повеќето средовечни мажи.

Ќелавоста кај мажите обично се третира со финастерид и миноксидил, додека некои од опциите вклучуваат трансплантација, стероиди и имунотерапија.

Самиот Роби, кој со години се бори со опаѓање на косата, пробал различни третмани.

Тука е и трансплантацијата на коса на која бил подложен во 2013 година. Седум години подоцна, тој сакал повторно да го направи тоа, но лекарите му рекле дека неговата коса е премногу тенка за да го повтори процесот. Сега, се чини дека се помирил со тоа.

– Никој не сака да ми ја пресади косата затоа што велат дека е преретка. Не можам да пијам никакви апчиња бидејќи ме прават депресивни. Едноставно ќе морам само да го гушнам Роби Вилијамс на кој му паѓа косата – изјави пејачот.

Претходно Роби се пошегува дека неговата глава „сјае како бебешко газе“, а пробал и неверојатно скапи инјекции наменети да го стимулираат растот на косата, што исто така било неуспешно.

– Две шишенца од тие инјекции беа вистинско богатство. Нивната цена беше иста колку куќата на баба ми“, вели пејачот на кој му било кажано дека во рок од пет месеци од користењето, косата повторно ќе му порасне, многу погуста.

Меѓутоа, времето поминало и тој не забележал никакви резултати.

– Ништо не се случи. Поминаа седум месеци и ништо не се случи – рече тој.

Тој опиша и како изгледа да се појавиш пред публика со овој проблем.

– Кога сум на сцената и има огромен екран зад мене на кој е насочено вниманието и каде се обидувам да бидам секси, гледам зад мене и има еден дечко со брада и без коса – ги опиша пејачот таквите ситуации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....