9.8 C
Скопје
12:42 - 1 април, 2026

Роберт де Ниро за грижата околу петмесечната ќерка: „Не ја работам напорната работа…“

80-годишниот американски актер Роберт де Ниро призна дека не ѝ помага на својата девојка околу нивната новородена ќерка. За ова пишува Гардијан.

Таткото на седум деца рече дека не се занимава со „напорна работа“ кога станува збор за одгледување на неговата 5-месечна ќерка Џиа Вирџинија, која актерот ја има во врската со Тифани Чен (45).

„Не може да биде полесно“, рече тој во едно интервју кога актерот беше прашан за татковството.

„Мислам, јас не ја работам напорната работа. Таму сум, ја поддржувам мојата девојка. Но, таа ја завршува работата. И имаме помош, што е многу важно“, додаде Де Ниро.

На новинарско прашање дали на актерот му се допаѓа татковството, Роберт де Ниро одговори: „Секако дека го сакам [дека ми се допаѓа] сето тоа“.

„Јас не зборувам со големите деца како што зборувам со моето мало дете“, додаде актерот.

Де Ниро и Чен станаа родители на ќерката Џиа во април 2023 година, првото заедничко дете на парот.

Во тоа време, двапати разведениот оскаровец веќе имаше шест деца: Дрен (52) и Рафаел (46) со поранешната сопруга Дијан Абот; близнаците Џулијан и Арон, 27, со поранешната девојка Туки Смит; и Елиот (25) и Хелен (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтавер.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....