11.8 C
Скопје
15:44 - 30 март, 2026

Ријана ги насмеа фановите – „се обидов да ја добијам улогата на Папа Штрумфот, но не успеав“

Ријана ќе ѝ го позајми гласот на Штрумфета во новиот анимиран филм „Штрумфовите“.

Поп-дивата, која го очекува второто дете со раперот Асап Роки, се појави на презентацијатата на „Синема-кон“ на „Парамаунт пикчрс“ во Лас Вегас во четвртокот за да открие дека ќе биде сино лошо суштество во комичната музичка авантура што излегува во февруари 2025 година.

Таа се пошегува: „Се обидов да ја добијам улогата на Папа Штрумфот, но не успеав“.

Ријана исто така ќе го продуцира филмот во режија на Крис Милер и Мет Лендон, а обезбедува и авторски песни.

Меѓу другите продуценти се Рајан Харис, Лоренс (Џеј) Браун и Тајран (Тај-Тај) Смит, а Пем Брејди напиша сценарио инспирирано од ликовите и делата на Пијо.

Колешката поп-ѕвезда Кети Пери претходно ѝ даде глас на Штрумфета во 2011 година во првиот и во вториот дел (2013), а Деми Ловато ја презеде улогата во „Штрумфови: Скриеното село“ од 2017 година.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....