00:32 - 6 април, 2026

Ретка слика на Јордан Митев со сопругата Славица, со посебен повод

Пејачот Јордан Митев објави ретка слика од него со сопругата Славица, а за тоа има еден многу специјален повод.

Имено, нивната ќерка прослави втор роденден, па Јордан објави семејна слика, со синот кој е уште бебе, со сопругата и со ќерката и до неа напиша:

-Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години. Среќен роденден ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе“.

На Јордан Митев пред само неколку недели му се роди и синот, и тоа на големиот христијански празник Крстовден, а кога нивното семејство се прошири, тој објави дека на Крстовден се родил нивниот син Кристијан.

Ќерката Кристина се роди додека Јордан беше на турнеја во Австралија, и пејачот тогаш на Фејсбук напиша:

-20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....