23:12 - 22 декември, 2024

Рејтингот на ПУТИН вртоглаво РАСТЕ во Русија: Поддршката скокна на 83 отсто од граѓаните!

Со војната, популарноста на Путин вртоглаво расте во Русија! 

Истражувањето го спроведе независниот истражувачки институт Левада центар, класифициран од руските власти како „странски агент“. 69% од Русите сметаат дека Москва оди во вистинска насока, во однос на процентот од 52% во февруари. Односно, стапка на одобрување на дејствијата на путин е на неверојатни 83%.

Рејтингот на Русите за Владимир Путин буквално вртоглаво порасна по војната во Украина, скокајќи на 83%, од 71% во февруари, на највисоките нивоа во последните години. Ова го потврдува истражувањето, неодамна објавено, на независниот истражувачки институт Левада центар, кој руските власти го класифицираат како „странски агент“.


69% од Русите веруваат дека Москва оди во вистинска насока со таканаречената „специјална воена операција“ во соседната земја. Во февруари, оние кои веруваа дека земјата се движи во вистинска насока беа 52%, а во јануари 50%.

Неколку експерти, подвлекува Волстрит журнал кој ги известува резултатите, повикуваат на претпазливост за веродостојноста на анкетите во Русија во време кога се забранети главните независни медиуми, а со тоа и населението – особено она кое е оддалеченено од урбаните центри Москва и Санкт Петербург – за војната се информираат само од државните медиуми. Стравот од искажување мислења спротивно на она што го очекуваат властите, исто така, може да влијае на резултатот. Сепак, резултатот останува значаен, бидејќи истражувањето е спроведено од авторитетен статистички центар кој не е контролиран од државата.

Рејтингот на Путин во последниве години се движеше помеѓу 60 и 70 отсто, според центарот Левада, кој го следи рејтингот на рускиот лидер откако тој стана премиер во 1999 година.

„Гледаме дека општеството е поделено меѓу мнозинството кое наголемо ја поддржува војната и малцинството што е против неа“, рече Сергеј Белановски, социолог со кој разговараше „Гардијан“. „Овие две групи живеат во различни светови и не можат да се убедат меѓусебно дека нивната гледна точка е вистинската“. Социологот, исто така, ја доведува во прашање логиката на анкетирање на јавното мислење во земја каде што информациите за војната внимателно се филтрираат на државната телевизија. „Државната пропаганда функционира – таа е исклучително ефикасна во она што го прави, прикажувајќи ги настаните како специјална воена операција против украинските нацисти“, додава тој.

Од посебно значење е фактот дека во 2014 година, кога Русија го освои Крим и го поттикна бунтот на сепаратистите од Донбас, имаше сличен скок во поддршката на Путин, која од 69% се искачи на 83%.

„Би можел за 2 дена да освојам 6 престолнини“: Еве што му кажал ПУТИН на поранешниот претседател на Украина

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....