7.8 C
Скопје
21:42 - 31 март, 2026

РЕЦЕПТ ЗА СЕКСИ ПРОКЕЉ: Нема кој нема да го освоите со овој рецепт

Кога гледа човек во прокељ тешко е да си каже, леле ама е добар! Леле каков добар рецепт можам да направам од ова минијатурно зелче! Поверојатно е да се појави некое чувство на комична љубопитност, но да се одмине како состојка. За да го направиме прокељот кој е ептен здрав и корисен, позаводлив ви предлагаме да си го направите овој прилог како додаток на некој добро зготвен протеин или како мезе.

Секси рецепт:

Потребни состојки:

– прокељ, лук, чили пиперче, лимон, пармезан, сол и бибер и маслиново масло

Секси метод:

– Ќе го измиете прокељот, ќе го зачистите и ќе го преполовите(не им ја сечете долу срцевината на парчињата ако се свежи) и такви ќе ги наредите во тава добро загреана со маслиново масло во неа, (не премногу, ќе се удават оти) и ќе ги наредите во круг, сите со пресечениот дел да бидат залепени за тава, жешка површина, секое парченце има рамноправно место во тавата. Ќе ги оставите така 3-4 минути, треба да се направат црни дури! Да се карамелизираат(тоа се вика мајард реакција) и додека се пржат на висок оган, ќе ставите сол и бибер.

– По изминатото време од 3-4 минути ќе ги промешате, ама елегантно за да не се ви се распаднат(ако сте ја отстраниле срцевината бидете посебно внимателни) и во втората фаза од готвењето ќе ставите ситно сечкани лук и чили и ќе промешате.

– По исто 3 минути ги вадите од оган, значи треба да бидат малку кревки, малку живи, ги карамелизирате само, не ги готвите целосно, до смрт на хранливи вредности и им ставате цеден лимон, промешувате па елегантно рендате пармезан.

На здравје! 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....