18:27 - 11 јули, 2026

Рецепт за највеселите новогодишни колачиња: Кекси од ѓумбир – џинџербред

Кексите од ѓумбир познати како џинџербред се највеселите колачиња кои се приготвуваат за новогодишните и божиќните празници, а освен за јадење служат и за украсување на елката.

Предноста не им е само во забавните фигури, најчесто весели човечиња, туку и во тоа што имаат примамлива миризба, а и долго траат.

Сет-калапчиња за овие фигури ќе најдете во поснабдените супермаркети, по пристапна цена.

Па, доколку сакате да ги приготвите, еве го рецептот.

Намирници

150 грама путер,

180 грама кафеав шеќер,

400 грама брашно,

1 јајце,

пола лажичка екстракт од ванила,

пола лажичка прашок за пециво,

пола лажичка сода бикарбона,

1 лажичка мелен ѓумбир,

1 лажичка цимет,

пола лажичка мускатно оревче,

пола лажичка црн пипер,

прстофат сол.

МЕТОД

Во еден сад помешајте ги сите состојки – брашното, прашокот за пециво, содата и зачините.

Во друг сад добро измиксајте го шеќерот со путерот, додадете го јајцето и екстрактот од ванила. Полека додадете ги сувите состојки и месете додека се направи тесто.

Тестото поделете го на три дела, завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер околу еден час.

По еден час, извадете го тестото малку да отстои на собна температура и загрејте ја рерната на 180 степени.

Развлекувајте дел по дел од тестата на посакувана дебелина (се препорачува околу 5-6 сантиметри), но внимавајте да не биде претенко за да не пукне.

Со калапи направете ги облиците, па префрлете ги кексите во тава за печење претходно премачкана и покриена со хартија за печење.

Печете околу 10 минути додека не потемнат, но внимавајте да не изгорат. Оставете сосема да се изладат и потоа украсете ги по желба со помош на боја за готвење или пак со бомбончиња за вистински новогодишен ефект.

Џинџербред колачињата (со помош на конец) наредете ги на елката.

Слични објави

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо

„Не ми се ни јави“: Лепа Лукиќ не крие дека е лута на Лепа Брена, ја обвини за едно нешто

Еспресо

Тамара Волческа запеа на друг јазик – одличен летен хит за додека возите накај плажа

apostolova

Благоја Грујовски и Четкар – случајна средба или навестување на соработка?

apostolova
Се вчитува....