-0.2 C
Скопје
08:40 - 19 февруари, 2026

РАЗЛИКА МЕЃУ ВИРУСНО И БАКТЕРИСКО ВОСПАЛЕНИЕ НА ГРЛОТО: Кое воспаление како се лекува

Постојат голем број на нарушувања при голтањето, како што е чувство на грутка во грлото или болно грло како што е ангина, кои предизвикуваат многу непријатно чувство на болно голтање или неможност за голтање.

Разликуваме дисфагија, која може да биде резултат на болест на устата, грлото или хранопроводникот, во тој случај се јавува отежнато голтање, а одинофагијата се карактеризира со болно голтање. И двата феномени можат да се појават истовремено.

Грлото всушност е многу подложно на инфекции. Воспалението може да се појави или со директен влез на бактерии и вируси во фарингеалната слузница или како последица на зголемена иритација, како на пример, со зголемено лачење од носната шуплина во фаринксот (голтникот).

Отежнатото голтање, засипнатост и болки во грлото се првите симптоми на воспаление во грлото. Вообичаени причинители се вирусите или бактериите, но иритациите на грлото може да бидат предизвикани и од пушење, сув воздух или алергии.

Многу е важно да се знае дека во повеќето случаи причината веројатно е вирус и дека антибиотиците не се корисни при вакви инфекции.

Појавата на болки во грлото кај вирусните инфекции е постепена, додека кај бактериските инфексии симптомите се појавуваат нагло и брзо.

Температурата е многу висока кај бактериски инфекции и општите симптоми се многу поизразени отколку кај вирусните инфекции.

Вирусни инфекции на грлото се карактеризираат со изразени респираторни симптоми како течење на носот, конјунктивитис, засипнатост, кашлица. При бактериска инфекција пак, грлото е многу црвено со гноен секрет и затоа бара антибиотски третман.

Вирусната инфекција на грлото можете сами да ја лекувате, а при бактериска инфекција треба да побарате лекарска помош. Воспалението придружено со болно голтање, црвенило и суво грло може да се излечи самостојно. Комбинација од мед и лимон не само што ќе ги ублажи непријатните симптоми на болки во грлото, туку и ќе помогне во лекување на воспалението.

Без разлика дали се работи за ладни или топли пијалоци, течностите делуваат благодтворно на грлото. Најдобро би било да пиете чаеви или обична вода, а да избегнувате млеко и млечни производи бидејќи дополнително може да го иритираат грлото, пишува мис7здрава.

 

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....