14:25 - 11 ноември, 2026

Рале сака да се жени со Ана Николиќ: „Ме пали нејзиниот мозок, ќе ја запросам“

Пејачката Ана Николиќ и композиторот Рале се добри пријатели со децении, а нивната љубов се разгоре за време на работата на новиот албум на Ана.

Горан Ратковиќ Рале и Ана Николиќ на почетокот ја криеја својата врска од јавноста, а Ратковиќ сега проговори за нивната емотивна врска и призна дека е подготвен да ја подигне врската на повисоко ниво.

– Се уште не сум разговарал со Ана за венчавка, но не би се противел на тоа. Таа е многу духовита жена, а јас на тоа се палам. Како прво, таа ме заведе со нејзиниот мозок, со неа е секогаш многу интересно – објаснува музичарот и признава дека не му е мило што медиумите го следат секој нивни чекор откако ја официјализираа врската.

Инстаграм, принтскрин

-Ми пречи што јас и Ана сме толку застапени во медиумите поради нашата врска, но не можам да сторам ништо околу тоа. Ана, пак, е навикната на тоа. Не ѝ пречи вниманието на медиумите поради нашата врска, бидејќи со неа секогаш има некаква гужва – низ смеа изјави Горан Ратковиќ.

Рале во интервјуто за „Светски радио“ истакна дека тој и Николиќ добро се совпаѓаат и на деловен и на љубовен план. Композиторот и пејачката ништо не препуштија на случајноста, туку навреме успеаја да ги завршат сите обврски околу новиот албум на пејачката, кој излегува на крајот на оваа недела.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....