5.8 C
Скопје
01:38 - 1 април, 2026

Путин ги предупреди западните земји: Ќе замрзнете како опашката на волкот!

Рускиот претседател Владимир Путин од економски форум во Владивосток испрати закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергенси, ако се воведат ограничувања на цените на рускиот гас и нафта.

Тој, во свој стил, предупреди дека западните земји ќе останат „замрзнати како опашката на волкот во познатата руска бајка“.

Според него, европските повици за ограничување на цените на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергенсите во светот и економски проблеми во Европа.

– Нема да испорачаме ништо ако тоа се коси со нашите интереси, во овој случај економски. Ниту гас, ниту нафта, ниту јаглен… Ништо, рече Путин .

Г7 го објави планот минатата недела, а потегот исто така може да ја ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери во земји надвор од Унијата.

– Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот спроведе план за ограничување на цените. Нема да извезуваме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, рече Путин.

Претходно, Путин рече дека кратковидните постапки на западните власти ја поттикнале инфлацијата во светот, но во Руската федерација постои тенденција за нејзино намалување. Според него, до крајот на годината стапката на инфлација може да достигне 12 отсто.

Познато е дека Русија е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и е најголем извозник на гас и жито, а, Европа увезува 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....