12.8 C
Скопје
16:00 - 20 февруари, 2026

Пугачева се огласи од Израел: Благодарам на армијата мои обожаватели за способноста да ја разликуваат вистината од лагата

Пред три недели руската поп-дива Ала Пугачева ја осуди војната на Русија против Украина и побара да биде вброена меѓу странските агенти бидејќи Министерството за правда го стави на црната листа на нејзиниот сопруг Максим Галкин како „странски агент“.

„Затоа што се солидаризирам со мојот сопруг, чесен, пристоен и искрен човек, вистински и незаборавен руски патриот, кој на својата татковина и посакува благосостојба, мирен живот, слобода на говор и крај на тоа нашите момчиња да умираат за илузорни цели кои ја направија нашата земја отфрлена и кои ги искомплицираа животите на нашите граѓани“, напиша таа на својот Инстаграм.

Сега кралицата на советската поп музика Ала Пугачева објави дека е во Израел.

„Им благодарам на повеќемилионската армија на моите обожаватели за нивната љубов и поддршка, на нивната способност да ја разликуваат вистината од лагата“, напишала 73-годишната Пугачева на Инстаграм. „Од Светата земја се молам за вас и за мир“, им порачала таа. „Среќна сум!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALLA PUGACHEVA (@alla_orfey)

Пугачова важи за суперѕвезда во својата земја. Таа ја обликуваше рок и поп музиката во Русија од 1970-тите.

Нејзиниот успех го преживеа падот на Советскиот Сојуз, а денес редовно се појавува на руската телевизија.

 

 

Слични објави

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо
Се вчитува....