5.8 C
Скопје
02:12 - 1 април, 2026

Прво интервју на таткото на Бритни Спирс: „Благодарение на старателството таа денес е жива!“, „Се плашам дека пак ќе заврши во уште поголема дупка отколку што беше“

Таткото на американската поп пејачка Бритни Спирс го даде првото големо интервју во кое раскажа зошто морал да го преземе старателството над својата ќерка. Џејми Спирс разговараше за ова со новинарите на Дејли Меил.

Во интервјуто, Џејми Спирс (70) ја сподели својата перспектива за старателството и зборуваше за неговиот однос со неговата ќерка, внуците Џејден и Шон. Поточно, тој рече дека старателството е „неопходно“ и само благодарение на него Бритни Спирс денес е жива.

„Не сите ќе се согласат со мене. Но, каде би била Бритни сега без старателството? И не знам дали би била жива“, рече тој.

Џејми Спирс, исто така, истакна дека старателството не само што ја спасило Бритни „од нејзините најтемни денови“, туку и помогнало да ја зачува нејзината кревка врска со нејзините деца, 17-годишниот Престон и 16-годишниот Џејден, кој ги дели со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн.

„За нејзината заштита, но и за заштита на децата, старателството беше одлична алатка. Мислам дека без тоа, таа никогаш немаше да ги врати децата“, додаде тој.

Таткото на пејачката призна дека годините на старателство му биле многу тешки.

„Тоа беше пеколно тешко време. Но, ја сакам ќерка ми со сето мое срце и душа“, рече тој.

Според Џејми Спирс, сега неговата ќерка е „очигледно лошо“ и се плаши дека на крајот „ќе заврши во уште поголема дупка отколку што беше“.

„Семејството и е во целосен хаос. Сè што можеме да направиме е да продолжиме да се молиме. Тоа е се што можам да кажам“, заклучи тој.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....