15.8 C
Скопје
12:14 - 11 март, 2026

Прво доаѓаат паниката и стравот, заедно со прашањето зошто баш јас: Сопругата на Момо Николовски со мотивирачка приказна

На 3 јуни во 2019 година, почина фолк пејачот Момо Николовски.  Тажната вест за смртта на својот сопруг, на Фејбсук ја соопштои неговата сопруга Валбурга Батева-Николовска.

„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата која ја објави и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски, кој беше болен од абдоминален канцер.

Валбурга на својот Фејсбук профил објави еден статус кој е многу мотивирачки од него сите можат да научат.

„Што сѐ може да направи една насмевка? Милион работи. Силно влијае за намалување на стресот, зајакнување на имунитетот, зголемено лачење на серотонин и допамин (директно одговорни за нашето чувство на среќа). Искрената насмевка може да ги намали и регулира притисокот и пулсот.

Психолошки, таа прави чуда за зголемување на самодовербата и мотивацијата за успех. Создава мека “заштитна обвивка” околу вас, некој вид на безбеден штит од предизвиците што секојдневно нѐ демнат. Широката или по малку мистериозна насмевка може да роди симпатии и да ве натера да се вљубите во оној/онаа што ја испраќа кон вас.

Кога сте тажни, ви го осветлува лицето и веднаш се чувствувате поубави, повесели, поважни. Таа е универзален пасош со неограничен рок на траење, јазик што сите го разбираат и волшебен клуч за сите “намуртени” врати.

Уште многу чуда може таа, но едно од најважните оружја е нејзината храброст да ве качи на своите крилја во моменти кога глупавите болести ви доаѓаат како неканет гостин…И тоа токму тогаш кога мислите дека никој и ништо не може да ве нападне и да ви наштети.

Најпрвин доаѓаат паниката и стравот, заедно со прашањето: “Зошто баш јас?” И без разлика дали сте со своите или немате никого во близина, одеднаш сфаќате дека секој е јунак за себе и секој е Робинзон Крусо (без Петко) на својот остров среде океанот.

И без разлика дали сте богати или сиромашни, знаете дека парите немаат секогаш моќ да ве спасат, ниту пак тешењето од сите страни. Во еден миг погледнувате нагоре и гледате како до вас долетува волшебната птица на надежта – вашата прекрасна насмевка.

И веќе не сте слаби, очајни, исплашени… Таа е тука да ве пренесе до безбедна дестинација, каде што болестите немаат пристап. Ете, толку може насмевката. Малку ли е?

Фото/ Фејсбук принстскрин

Драги мои, на сите што се борите со каков и да е здравствен проблем, јас со срце и душа ви ја испраќам мојата највредна терапија – мојата насмевка. Насмевнете се и вие кога ќе ја видите, правете ѝ друштво, зашто две насмевки вредат повеќе од една, а и посилни се заедно“, напиша Валбурга.

Валбурга Батева- Николовска Фото/ Фејсбук

Слични објави

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....