10.8 C
Скопје
01:51 - 4 април, 2026

(ФОТО) Први фотографии на Синиша МИХАЈЛОВИЌ после болница: Ужива во вистинското богатство!

Синиша Михајловиќ по лекувањето е отпуштен од болница, а првите фотографии веќе ги сподели на социјалните мрежи неговата сопруга. 

Српскиот тренер беше отпуштен од болницата „Сант Орсола“ во Болоња, каде на крајот на март беше хоспитализиран поради нова битка со леукемијата. Циклусот на превентивна нега заврши, па тренерот можеше да се врати дома. Прекрасна вест за Михајловиќ кој не губеше време да се посвети на своите две семејства, биолошкото семејство и Болоња, кои никогаш не го оставија сам во овие тешки денови.

Сега Синиша ќе може да се врати на работа, Но пред тоа, сепак, одлучи да се препушти на мала релаксација во друштво на најблиските. А неговата партнерка Аријана ги покажа првите слики од Михајловиќ по излегувањето од болница.

Синиша и Аријана се прошетаа во Рим, во близина на езерото Тор ди Квинто, со малата Виоланте, односно со внуката, ќерка на првороденото дете на парот – Вирџинија и на фудбалерот Алесандро Вољако.

Српскиот тренер беше облечен во спортска облека и „украсен“ со широка насмевка.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....