16:26 - 31 март, 2026

Интересното модно издание на Ева Лонгорија ги подели обожавателите

Актерката Ева Лонгорија пристигна во Париз за да и даде поддршка на нејзината пријателка, дизајнерката Викторија Бекам, која ја претстави својата нова колекција на Модната недела.

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ носеше креација на поранешната членка на Спајс Грлс и привлече особено внимание поради провокативниот фустан во стил на неглиже.

Црниот мини фустан со тенки прерамки е изработен во комбинација на свила и проѕирни делови од тантела а во долниот дел се истакнува плисиран детал.

Смелата креација актерката ја дополни со едноставни црни сандали со вртоглаво висока потпетица. Над фустанот носеше кратка црна јакна, а во раката држеше црна ташна со дебел златен синџир.

Изданието кое неизбежно привлекува погледи го комплетираше со елегантен накит и коса собрана високо во опавче.

И додека повеќето од обожавателите го пофалија изгледот на Лонгорија, некои од нив сметаат дека малку претерала и дека понекогаш е добро да се држиме до едноставноста која исто така може да привлече внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....