14:23 - 2 април, 2026

ПРОТИВ Р. КЕЛИ СВЕДОЧЕШЕ МАЖ: Имав 17 години, тој го снимаше нашиот однос

р кели

Човек кој тврди дека е една од жртвите на сексуална злоупотреба на Кели, сведочеше на суд против Р. Кели, американскиот пејач, чие судење за сексуална злоупотреба, рекет и поткуп е во тек, пренесува „Би-Би-Си“.

Човекот пред судот изјави дека го запознал Кели во Чикаго кога имал 17 години. Потоа, пејачот, наводно, го прашал што е подготвен да направи за музиката и му го дал својот телефонски број и го повикал во неговата куќа. Наводно му рекол дека ќе му даде совет за музика и дека ќе може да пее во неговото студио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R Kelly (@rkelly)

„Еднаш ме праша дали некогаш сум имал фантазии за мажи, а потоа клекна на колена и изврши орален секс врз мене. Кога заврши ми рече дека сега сме семејство”, рекол сега 32-годишниот маж пред судот.

Тој додаде дека Кели го молел да го нарекува „татичко“ и му рекол дека ќе го сними нивниот сексуален однос. Човекот тврди дека се гледал со пејачот бидејќи навистина сакал да успее во музичката индустрија и се плашел дека некој има снимки од нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R Kelly (@rkelly)

Да потсетиме, поранешната Р&Б ѕвезда, вистинско име Роберт Силвестер Кели, со децении се соочува со обвинувања за сексуално вознемирување и злоупотреба на жени, вклучително и многу тинејџерки. Тој постојано ги отфрла обвинувањата. Доколку биде осуден по сите точки од обвинението, Р. Кели може да биде осуден на неколку децении затвор.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....