18.8 C
Скопје
03:02 - 11 септември, 2026

Принцот Вилијам застана во одбрана на својот брат Хари: Одговари на коментарите за документарецот

Крвта не е вода, вели една стара поговорка.

Дали беше очекувано принцот Вилијам да застане на страна на Хари? Искрено, ние очекувавме, барем откако го изгледавме документарецот.

Деновиве сите (о)зборуваат за документарниот филм на Нетфликс „Хари и Меган“ во кој принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл зборуваат за себе и за животот во кралското семејство.

Принцот Вилијам, наводно, рекол дека никогаш нема да го гледа документарецот и ги замолил своите пријатели да ги „занемарат“ тврдењата изнесени во него.

И покрај тоа, тој „нема да толерира“ другите да зборуваат негативно за Хари, иако тој е бесен и тажен поради документарецот, известуваат британските медиуми.

Изворите велат дека Вилијам останува заштитнички настроен кон својот помлад брат.

– Тешко дека никогаш повеќе ќе соработуваат. Но, дали можат повторно да имаат братска врска? Можете да се надевате на тоа – рекол изворот.

Да потсетиме, објавени се последните три епизоди од документарецот, во кој Хари и Меган дополнително ја заострија својата реторика кон кралското семејство.

Така, Хари во новите продолженија Хари зборува пред камерата за својот брат Вилијам, идниот крал, во не толку ласкаво светло.

– Лажеа за да го заштитат брат ми, а не сакаа да ја кажат вистината за да не заштитат нас– рече Хари за својот брат Вилијам додека во позадина се гледаат кралскиот двор и другите членови на кралското семејство.

Многумина веруваат дека со овој потег Хари одлучил засекогаш да го „запали мостот“ зад себе во врската со брат му.

Меѓу нив со години има несогласувања, а Британците тврдат дека со ваквите коментари Хари засекогаш си ја затворил вратата од Бакингемската палата за себе.

– Се прашувам што ќе ни се случеше да не заминеме  – рече Хари во документарецот, а Меган објасни дека никогаш немале приватност и дека сите секогаш знаеле каде се.

– Не ме фрлија на волците, туку ги хранеа волците со мене – доде Меган, а парот заклучи дека нивното бегство во САД било неопходно за да се заштити семејството и да се постигне лична среќа.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....