9.8 C
Скопје
13:04 - 1 април, 2026

Принц Хари е во опасност да ја загуби американската виза поради дрогирање: „Законот важи за сите, нема посебен третман за членови од кралско семејство“

Принцот Хари (38) би можел да го изгуби правото да живее во Америка, пренесува Page Six. Причината е што тој бил премногу искрен за неговата употреба на дроги во минатото.

Иако некои мислат дека нема да го протераат од земјата, но дека може да заврши во затвор, други веруваат дека принцот е во опасност да ја загуби визата за престој.

– Признавањето употреба на дрога обично е причина за неприфаќање. Тоа значи дека визата на принцот треба да биде одбиена или укината бидејќи тој признал дека користел кокаин, печурки и други дроги – изјави поранешната федерална обвинителка Наема Рахмани, додавајќи дека нема посебен третман за оние од кралското семејство.

Во своите мемоари, принцот признал дека бил зависник од алкохол и дека користел кокаин и марихуана. Хари тврдеше дека само како тинејџер пробал кокаин, но дека како возрасен пробал и голем број психоделици. На почетокот на овој месец, тој во едно интервју откри дека таквите супстанции биле составен дел од неговиот живот некое време.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....