15.8 C
Скопје
13:02 - 10 март, 2026

Принцот Хари сака да ги корегира своите мемоари по смртта на Елизабета Втора, според издавачот „веќе е доцна“

Принцот Хари сака да направи промени во содржината на неговата автобиографска книга, која треба да излезе подоцна оваа година, бидејќи некои од неговите изјави може да изгледаат нетактично по смртта на Елизабета Втора, пренесува The Sun, повикувајќи се на свои извори.

Според изворот, Хари по смртта на кралицата, нејзиниот погреб и доаѓањето на тронот на неговиот татко Чарлс, сака да внесе промени во книгата зашто во неа има работи што нема да изгледаат убаво доколку се објават во ваквите нови околности.

Изворот појаснува дека станува збор за замена на поединечни делови, а не за целосна корекција на текстот. Сепак, според изворот, можеби „веќе е доцна“.

Според соговорникот на The Sun, војводата од Сасекс веќе добил аванс за мемоарите во износ од 20 милиони долари, додека вкупната зделка изнесува околу 40 милиони долари.

„Издавачите платија однапред 20 милиони долари бидејќи знаеја што и да е напишано таму ќе има огромен поттик за продажбата и дистрибуцијата низ целиот свет“, вели изворот.

Понатаму се наведува дека првата верзија на книгата, одобрена од принцот Хари, не ѝ одговарала на издавачката куќа „Пингвин Рендом Хаус“, бидејќи била премногу емотивна, а авторот премногу се концентрирал на проблеми со менталното здравје. На крајот, финалната верзија била одобрена и потпишана за објавување, а биле вложени многу пари и напор за издавачката куќа да се осигура дека книгата сигурно ќе излезе до крајот на оваа година.

Слични објави

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin
Се вчитува....