23.8 C
Скопје
14:51 - 12 септември, 2026

ПРИНЦОТ ХАРИ НЕМА ДА ЈА ПОШТЕДИ КАМИЛА во мемоарите, но на тапет може да се најде и принцот Чарлс

меган маркл, принц хари

Новата книга за кралското семејство треба наскоро да ја види светлината на денот. Станува збор за книгата „The Palace Papers“ чија авторка е Тина Браун, која своевремено беше одговорна за книгата за принцезата Дијана, а сега отворено прозборе за британски Телеграф.

Како што открила, 37-годишниот принц Хари никогаш во целост не ја прифатил врската на неговиот татко со Камила, а уште помалку нивниот брак, а она што не сака е Камила некогаш да стане кралица.

Браун додава дека одметнатиот син на идниот британски крал, кој својот нов живот го започна со сопругата Меган Маркл и децата Арчи и Лилибет во Калифорнија, најверојатно ќе ги изрази своите фрустрации во своите мемоари, кои се очекува да бидат објавени подоцна оваа година.

„Вилијам беше згрозен од нападот на Меган врз Кејт, на што таа не можеше да возврати, но тоа не е ништо во споредба со тоа колку ќе биде бесен кога ќе излезе книгата. Хари нема да пишува за кралицата, ниту за Кејт, која ја цени и сака, но секако ќе ги нападне Чарлс и Камила, а можеби и Вилијам. Тоа никако нема да помогне на нивниот однос“, изјави Тина Браун, која со години известува за кралското семејство за Tatler и Vanity Fair.

Во својата книга таа цитираше неименуван извор кој и рекол дека кога Хари ќе се најде во иста соба со Камила, тој секогаш молчел и бесно ја гледал.

„Еден од неговите блиски пријатели ми кажа дека сите зборуваат за тоа колку на Хари му е потребен Вилијам, но исто е и во обратната насока. Само Кејт и Вилијам отсекогаш биле искрени со него, а Хари секогаш можел да го задева и да се шегува со него“.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....