18:05 - 11 ноември, 2026

Принц Вилијам критикуван за неговата реакција на прашањата за состојбата на Кејт Мидлтон: „Каков било одговор би бил подобар отколку целосно игнорирање“

Принцот Вилијам ги игнорираше прашањата за здравјето на неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон, пренесува Дејли меил.

Принцот Вилијам го посети Велс по повод Денот на Свети Давид, кој се слави на 1 март. Еден од фановите го прашал како се чувствува Кејт Мидлтон. Сепак, принцот Вилијам не одговори на прашањето. Читателите на Дејли Мејл го критикуваа што воопшто го игнорирал прашањето.

„Очигледно ова не беше „предвидлива“ операција бидејќи нејзините појавувања на настани одеднаш беа откажани.“ „Каков било одговор би бил подобар отколку целосно игнорирање на прашањето. Се разбира, луѓето ќе прашаат за неговата сопруга“, „Многу грубо од него“, „Ова однесување создава уште повеќе сомнежи, што не и помага на ситуацијата“, се нижат коментари на страницата на Дејли меил.

На 16 јануари, Кејт Мидлтон беше хоспитализирана во клиника во Лондон. Истиот ден таа имаше операција. Според претставници на кралското семејство, операцијата била планирана. Имаше гласини дека Кејт Мидлтон е во кома, но Кенсингтонската палата ја демантираше оваа информација.

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....